Проектот опфаќа обликување на викенд куќа со топол и природен архитектонски израз. Фасадата е третирана со комбинација на камен, дрво, стаклени површини и темен кровен покривач, додека ентериерот е решен како пријатен простор за престој со природни материјали, мирни тонови и функционална организација.