За нас
Од 1997 година градиме доверба преку прецизна работа, лиценцирани инженери и квалитетни проекти.
Што не издвојува
ГЕНИКО е проектантско биро со повеќе од 30 години искуство во подготовка на комплетна техничка документација за објекти од висока и ниска градба. Работиме интегрирано — од почетната идеја и урбанистичките услови, преку сите проектни фази, до детална разработка, ревизија, надзор и стручна поддршка при реализација. Нашиот тим обединува инженери и архитекти со соодветни овластувања, практично искуство и фокус на прецизни, функционални и економични решенија.
Комплетна услуга на едно место
Од урбанистички услови и идејно решение, до основен проект, детална разработка, ревизија, надзор и техничка поддршка при изведба.
Координирани и практични решенија
Архитектурата, конструкцијата, инсталациите и инфраструктурата ги развиваме како единствен процес, со фокус на сигурност, функционалност и економична изведба.
Лиценци на фирмата
Лиценци за проектирање
Лиценци за изработка на проектна документација за различни категории на објекти.
Лиценци за ревизија
Лиценци за вршење ревизија на проектна документација и техничка проверка на проектите.
Лиценци за надзор
Лиценци за вршење стручен надзор над изведба на градежни работи.
Лиценци за енергетска контрола
Лиценци за вршење енергетска контрола и подготовка на соодветна техничка документација.
Лиценци за проценки
Лиценци за проценка на недвижен имот, подвижен имот, машини, опрема и моторни возила.
Компанијата располага со соодветни овластувања и лиценци за проектирање, ревизија, надзор, енергетска ефикасност и проценки.
Нашиот тим